Хотел

01.10.2013 11:58
Хотел

Не е јасно зошто хотелот се вика „Кристал“. Наумничавост на вкусот, недостиг на подобра идеја? Никогаш не се знае.

На пладне од прозорците на највисоките катови се укажуваат долги цевки на старовремски топови - нешто како мошне зголемени шишиња од шампањско. Очигледно е дека се од стакло. Но тоа не им пречи да пукаат. Истрелуваат по еднаш, а потоа собарките ги влечат во задните одајчиња каде што се чува постелнината.

Во пристаништето, како жална последица на стрелбата, лежи голем скршен брод од порцелан, а од него испаѓаат мртви зелени папагали. Станува збор, се разбира, за еден вид украси направени од матно стакло, за предмети што обично се ставаат врз ормани по становите полни самрачни огледала. Но, најлудо е ноќе: целиот хотел е исполнет со ситно ѕвечкање. Што станува? Младите двојки кои денот го минале по плажите сега водат љубов, а според најновата мода девојките имаат во ушите обетки со многу кристални топченца, нешто како минијатурни кристални полилеи.

Расказот е преземен од книгата „Седмата страна на коцката“ во издание на Магор.

Слика: Соња Канелстранд

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото