Банкси со изложба на улиците на Њујорк

03.10.2013 09:26
Банкси со изложба на улиците на Њујорк

Славниот британски уличен уметник Банкси во текот на октомври ќе приреди обемна изложба на улиците на Њујорк, наречена „Better Out Than In“ („Подобро надвор отколку внатре“), која неодамна ја најави со едно ново дело во Лос Анџелес.

Таинствениот уметник на тој начин сака еден цел мегалополис да претвори во музеј, а својата улога во тоа ја опишува како резиденцијална програма за уметници на улиците на Њујорк.

Необичната изложба на Банкси на посетителите им нуди и број на кој можат да се јават за да слушаат и аудио водич низ изложбата, како што тоа е обичај во традиционалните музеи.

Првото од низата дела кои овој месец ќе се најдат на улиците на Њујорк веќе се појави во квартот Chinatown, а прикажува две момчиња во интеракција со знак за забрана на кој пишува: Графитите се злосторство.

Извор: www.latimes.com

ОкоБоли главаВицФото