Животните како храна?

04.10.2013 14:02
Животните како храна?

Animal Food е серија цртежи на илустраторот и графички дизајнер Alex De Spain, кој на сосема бизарен начин во своите цртежи ги комбинира животните со порции храна.

Според некои, цртежите на Alex De Spain се „чиста зафрканција“, „забавен микс“, додека други, пак, сметаат дека тие ја носат идејата за јадењето животни како бизарен и несоодветен чин, а цртежите се еден вид побуна против тоа; побуна која содржи многу хумор.

Во секој случај, „несериозноста“ на цртежите на De Spain несомнено има моќ да провоцира и да покрене дебата околу тоа етичката страна на тоа прашање. Сметаме дека Меѓународниот ден за заштита на животните е погоден момент да ги претставиме неговите дела.

Извор: alexdespain.com

ОкоБоли главаВицФото