Филозофија

05.10.2013 10:31
Филозофија

Кинескиот филозоф Хуј Ши, кој живеел во државата Сунг, од средина на четвртиот до средина на третиот век пред н.е., и кој припаѓал на она што обично се наречува „Школа на имињата“, во своите учења тврдел дека:

1. Сите змејови се, всушност, лавови, само во поинаков облик;

2. Сите лавови, родени во природа или уметнички претставени, стојат на границата помеѓу минералната и животинската суштина;

3. Императорот може да заповеда со суштества од животинско, но не и со суштества од минерално потекло;

4. Змејовите имаат џигер од жад;

5. Лавовите во никој случај не можат да летаат, дури и кога се наоѓаат во најголема опасност.

Неговиот ученик, Кунг-сун Лунг, кој ги собрал списите на својот учител и на тој начин ги спасил од заборав, извел од тоа два заклучока:

а. Лавовите немаат џигер од жад па, според тоа, императорот може да ги стави под своја власт;

б. Змејовите можат да летаат секогаш кога ќе посакаат и, поради тоа, не се во сродност со лавовите.

Во врска со тоа, во една книга од тоа време, која носи назив „Чуанг-цу“ и за чиј автор Кунг-сун Лунг многу малку се знае, се вели: „Голема сличност се разликува од мала. Тоа се наречува мала сличност и разлика. Сите нешта во еден поглед се сосема слични, а во друг сосема различни. Тоа се наречува голема сличност и разлика“.

Расказот е преземен од книгата „Седмата страна на коцката“ во издание на Магор

Слика: Синтија Декер

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото