Нобеловата награда за мир - чек без покритие

14.10.2013 09:29
Нобеловата награда за мир - чек без покритие

Доделувањето на Нобеловата награда за мир секоја година предизвикува различни реакции во светските медиуми. Го пренесуваме коментарот на три германски весници, по повод одлуката наградата да се додели на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW).

Frankfurter Rundschau

Господата во Одборот за доделување на Нобеловата награда, за разлика од минатата година, овој пат имаа подобри карти во рацете. За ЕУ пред 12 месеци имаше помалку добри аргументи отколку денес. На страната на OPCW има далеку повеќе. Оваа организација е идеален носител на наградата во нејзината вистинска смисла на зборот. Поради голата егзистенција и моменталната улога во Сирија.

Die Welt

Изборот е добар, но брзоплет. Добар е бидејќи Конвенцијата за хемиско оружје, која ја потпишале 189 држави, во однос на Конвенциите од 1970 и 1972 е година важен составен дел на нормативниот меѓународен поредок. Сите три договори би требало да ја затворат пандорината кутија која е отворена со развојот на оружјето за масовно уништување. Светот во кој овие забрани би ја изгубиле својата сила би бил лош свет. Како што често беше случај при доделувањето на Нобеловата награда, и овој пат се вложуваше во иднината. Најтешкиот тест за OPCW допрва претстои - Сирија. Тоа ќе биде тест по кој ќе знаеме дали забраната на хемиското оружје и OPCW ги имаат неопходните „заби“.

Flensburger Tageblatt

Нобеловата награда за мир би требало да го поддржи ангажманот на OPCW во Сирија. Овде во најмала рака се повторува поновата историја на доделувањето на Нобеловата награда. Наградата станува издавање на чек без покритие - обложување на неизвесната иднина. Резултатот на таа мисија е сѐ уште отворен. Меѓутоа, ова не би било прв пат да бидеме разочарани на крајот.

Извор: Deutsche Welle