1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 06:59
Шкотската Национална партија поднесе предлог за ублажување на ограничувањата за геј мажите кои даруваат крв, а предлогот ги обедини и Лабуристичката партија и Либералните демократи.
Пратеничката на Шкотската Национална партија Линда Фабијани упати повик до шкотскиот министер за здравство Алекс Нил да се заложи за воедначување на критериумите за дарување крв, за да престане дискриминацијата на мажите кои имаат сексуални односи со други мажи.
„За многумина дарувањето крв е одговорност и должност. Геј и бисексуалните мажи кои практикуваат безбеден секс не треба да бидат дискриминирани“, вели Фабијани.
Во моментов, во Шкотска е на сила закон кој им овозможува на геј мажите да даруваат крв само доколку немале секс со друг маж најмалку една година. Сепак, бидејќи од хетеросексуалните мажи не се бара едногодишна апстиненција од секс, законската одредба се смета за дискриминаторска и се очекува владата на Шкотска да одговори на барањето за еднакви критериуми за дарување крв.
Извор: queer.hr