Филм кој ги истражува староста, сеќавањето и осаменоста

17.10.2013 14:03
Филм кој ги истражува староста, сеќавањето и осаменоста

„Хартиени сеќавања“ е насловот на трогателниот краток филм на режисерот Тео Пуцу од Барселона, кој ги истражува темите како осаменоста, љубовта и сеќавањето.

Во седум и пол минути, пред нас гледаме неименуван постар човек кој несомнено страда од осаменост и копнее по минатото, кога бил опкружен со своите сакани кои го напуштиле овој свет. А потоа отвора стара кутија полна со писма и фотографии кои предизвикуваат носталгија.

За оваа стоп-анимација, режисерот Пуцу употребил околу 4.000 фотографии. Подолу може да го погледнете целиот филм.

Извор: robotmafia.com

ОкоБоли главаВицФото