Реакции за затворската казна на Кежаровски

21.10.2013 11:00
Реакции за затворската казна на Кежаровски

Пренесуваме дел од реакциите на Твитер заедницата по повод пресудата на режимскиот суд од 4 и пол години затвор за новинарот Томислав Кежаровски. 

Хуго ‏@MihajlovicV 
Стравот надграден и проширен. Ние ќутиме, Тие владеат. До кога вака??? #Неправда #Кежаровски

☜★☞ Чиз ☜★☞ ‏@podochnjak 
Се моли #Хорхе да испадне бар еднаш МУЖ во неговиот 4 годишен мандат и да го аболицира #Кежаровски

Vasil Kirevski ‏@VasilKirevski
#Кежаровски осуден. Останува уште затворот да направи нова набавка на кофи за самодавење.

sonjaismail ‏@sonjaismail 
Колку чини слободата? а) живот б) 4 и пол години затвор в) и под а и под б

Влатко Васиљ ‏@VlatkoVasilj 
120 години ВМРО. 4 и пол години Кежаровски. Да живее слободна Македонија!

i999y ‏@i999y 
Мора да има уште еден круг у пеколот за македонските судии....

Aleksandar Sazdovski ‏@sazspasm
Правда во Македонија: градоначалник убива човек со кола и станува директор. Новинар пишува и добива четири и пол години затвор. #Кежаровски

x→∞ t=0 ‏@sheretoto
Пресудата за #кежаровски е срам за судството, за државата и пред сè срам за сите нас. Поразен сум и толку празен денеска. Ќе повратам

Емилито ‏@EmilitoAtanez
Денес #Кежаровски доби 4,5г затвор! Ален уби старец на партизанска пред 10сведоци и не доби ниту ден затвор! Да живее правната држава!

Елена ‏@EStavrevska
#Кежаровски доби 4 ипол години затвор за напишан текст. Се гледа дека сме правна и слободна држава што заслужува препорака за #ЕУ.

Шукар Чавела ‏@jovanatozija
малку ни е, освен декларативно бунење, ја не гледам некој да е лут, бесен и да му е дојдено преку глава. Малку ни е. #кежаровски

Елена ‏@EStavrevska
Не, не мора да си партиски определен за пресудата на #Кежаровски директно да те тангира. Нема ваши и наши во ова!

Elena ‏@MsBrmbeska
И сега наместо да креваме национална узбуна, револуција за независно и праведно судство, ние ќе си молчиме и се ќе си е супер. #Кежаровски

Miroslav Sazdovski ‏@MirkoSlav
And it's official. Ние сме режим! | #Кежаровски осуден на четири и пол години затвор http://www.time.mk/c/9a414cd1ce/

Ines Efremova ‏@Inna_E
Среќна Нова 1984-та
#Кежаровски

Lina ‏@lina_simon
Темни екрани, црни насловни, генерален медиумски штрајк. Ама за тоа треба уредници, а не потрчковци што се пупат во жолтана куќа #Кежаровски

Поцков Горан ‏@GPockov
Колку само не можам да разберам, како може народот нормално да гледа на случајот #Кежаровски. Абе криминал откри човекот и го осудија еј!
Expand

Slobodan Jakoski ‏@FlavrSavr 
Во држава каде полицијата убива деца на сред плоштад, #Кежаровски не е никакво изненадување. #протестирам

Aleksandar Sazdovski ‏@sazspasm
Правда во Македонија: градоначалник убива човек со кола и станува директор. Новинар пишува и добива четири и пол години затвор. #Кежаровски

Biserka Velkovska ‏@bvelkovska
Драго партиско војниче, живееш во земја во која се осудуваат луѓе што разоткриваат криминал. Пробај да го вклучиш мозокот до следните избори

Parg0 ‏@parg0
4 и пол???? Ликувајте дур можете, сега се вашите 5 секунди.

Cene ‏@Ce_ne
А се смеев коај првпут слушнав за планот за 100 годишно владеење на ЖМРО ... Ама ете они озбилни биле

Срѓан Стојанчов ‏@Srle1
Македонистан. Кежаровски осуден на 4 ипол години затвор

Биби ‏@The_Bibi_
Дали протести за #Кежаровски ќе бидат етикетирани како „притисок врз независното судство“? Она судство што си прави што сака?

Ines Efremova ‏@Inna_E
Ставаат во затвор невин човек кој обелодени криминал и си ја вршеше работата...но, хеј барем се гради
#Кежаровски

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото