Култура на сочувство - Јованка Броз

21.10.2013 14:02
Култура на сочувство - Јованка Броз

Почина Јованка Броз, за поновите генерации кои немаат поим за ништо постаро од интернетот, тоа беше сопругата на Јосип Броз, Хрватот кој е единствен во светската глобална историја до денес што оставил многу забележителна трага.

Дипломатите од многу земји имаат голем проблем - на кого сега да му изразат сочувство?

Тоа секако не е неговото семејство, бидејќи до сега не го ни споменуваше. Единствено во негово име еден внук на Тито, воопшто не е важно кој, изјави дека за лагите на сопругата на Тито ќе напише книга. Нормално, до сега молчеше поради можната незгода од демантирање од страна на живата вдовица.

Тоа не е ни владата на Република Србија, која го прогласи гробот на Тито за последно почивалиште на најголемиот југословенски вампир, без оглед на фактот што и денес уживаат во статусот на член и втемелувач на неврзаноста на Тито, а од кој никогаш јавно не се откажале.

Тоа се најмалку Хрватите, бидејќи иако Тито беше Хрват, го сметаат за најголем злосторник на двасеттиот век и гробар на хрватскиот народ. Повеќето. А малцинството молчи во страв.

Тогаш, на кого да му се изрази сочувство? Нам, на сите поранешни граѓани на СФРЈ кои се осмелуваат безобразно и непатриотски да го споредуваат неговото управување со некогашната држава со ова срање кое го имаме сега?

Не, ниту нам не ни треба нечие сочувство, затоа што сите знаеме дека никогаш во историјата не било подобро отколку за време на неговото владеење, но никогаш нема јавно да го признаеме тоа од страв дека некој некаде во некоја тетратка ќе го забележи тоа, па во згодна прилика ќе го искористи против нас.

Всушност, доволен е тивкиот презир и жалењето.

Извор: radiogornjigrad.org

ОкоБоли главаВицФото