1022 hPa
71 %
10 °C
Скопје - Сре, 11.12.2024 15:59
Во својата колумна посветена на моите барања СДСМ да стане повеќе популистичка партија, почитуваниот режисер и долгогодишен извршен директор на фондацијата Сорос, Владимир Милчин пласира две големи лаги една полувистина една недоумица две клевети и еден налог за новинарско убиство. Па да одиме со ред.
Првата лага е дека фондацијата Сорос не ја помагала СДСМ сo своите активности. Бидејќи ова тврдење е дури и смешно и во него не веруваат ни малите деца во градинките, нема ич да го анализирам, толку за тоа.
Втората лага е дека јас сум барал интелектуалците да бидат замолчани. Јас тоа никаде не го реков. Само побарав од СДСМ да се дистанцира од интелектуалците пошо тие немаат абер од прагма плус тие не носат одговорност за поразите на СДСМ на избори, за тоа секогаш криво е раководството. Ти Владе 20 години си на чело на Сорос и сигурен сум ќе бидеш уште најмалку толку. Но кај СДСМ се сменија дузина раководства кои погинаа храбро на боиштата слушајќи ве вас некогаш и од немукает поради вашата моќ и влиjание кое е големо. Ти Владе имаш мрежа од над 100 невладини и околу 20 портали и медиуми во државава и ако тоа не е воопшто доволно за бутање на Грујо тогаш е сосема доволно за правење многу проблеми во опозицијата ако нејзините политички лидери не те слушаат тебе. Вашите авангардни ставови кои народот ги сметаше за ставови на СДСМ и опозицијата затоа што опозицијата не се огради од тие ваши ставови, ѝ нанесоа голема штета на таа опозиција. Абортусот, геј правата, компромис за името, анти-МПЦ потези и ставови, исмевање на навивачите и сите нивни слогани, промовирање на соживот со Албанците пропратен со апсолутен молк за националистичките излети на ДУИ и ДПА и генерално албанската популација кај нас која е политички разгалена, сето тоа се стојалишта апсолутно потребни во едно општество но се забранети за мејнстрим партија во ситуација кога власта има толку моќни медиуми и пари за пропаганда!
СДСМ мора да се адаптира на оваа сурова реалност и да се дистанцира од вас и од Љубчо Георгиевски бидејќи вие заедно несвесно го закопувате СДСМ во, од ден на ден, сè подлабок гроб!
(...)
Недоумицата на Милчин е во прашањето, па со што опозицијата да се бори? Демек сум рекол не со сила, не со Сорос, не си идеологија не со принципи, тогаш со што? Епа за што дебатираме ние овде? Одговорот е логичен: со популизам! И Заев веќе тоа го прави. И сигурен сум многу бргу ќе му донесе резултати на СДСМ. Заев веќе се постави патриотски за името, економски побара поголеми даноци од богатите и побара да се намалат даноците за сиромашните, што е ова ако не популизам на стероиди?! Претходно се појави на трибини и навиваше, се сликаа во цркви цело раководство а во меѓувреме донира помош на сиромашни. Се дистанцираа од дебатата за геј права и абортусот. Единствено каде за жал останаа доследни е прашањето на соживотот со Албанците по секоја цена и ја растурија коалицијата со ДПМНЕ во Кичево и Струга.
Слика: Свирачиња
Целата колумна на Мактел