За популизмот на Поликлинико

29.10.2013 05:16
За популизмот на Поликлинико

Нашиот јунак, кој за потребите на текстов ќе го означиме со привремена референца ПОЛИКЛИНИКО, влегол во симпатичен и за мене некако носталгичен филм, дека идеолошки ќе ја насочува СДСМ во конципирањето на новата популистичка агенда за конечно освојување на власта и симнување на „талибанциве-ДПМНЕ“ (кои му се, се разбира, згадени). Тоа, според нашиот јунак (иако идејава не е само негова, туку на еден круг луѓе околу левицата, разочарани од досегашните порази на опозицијата) не било можно со граѓанска политичка агенда и програма на опозицијата бидејќи гласачкото тело е погодно само за популизам (од Ропотово, Селце, Мралино и сл.) и голта лаги за Александар Велики Македонски и за борба до смрт за името со Грција. На тој начин, хранејќи ги луѓето со таков квази патриотизам и обвинувајќи ја опозицијата постојано за предавства, ДПМНЕ ги прикрива своите криминални политики и постојано победува на избори. Тоа е, всушност, пресекот на оваа генијална идеја на разочараните опозиционери.

Зошто ваквата идеја е идиотска, неостварлива, а и погубна за опозицијата, а богами за демократијата во Македонија пошироко?

Прво, зашто политички е „боса“ и ги меша популистичките гестови на различни опции во демократијата со авторитарниот популизам (кон каде гравитира ДПМНЕ) кој е заокружен антидемократски систем. Секоја политика, и онаа најграѓанската, може да посегне по популистички инструмент (Глигоров, на пример, тоа го правел често), но не и да ја промени својата основа со замена на демократската одговорност со популистичка манипулација. Заев исто може да посегне по популистички гест за прашањето за името (или за некое друго прашање), но не и да пропадне во популистичка манипулација, која како милна сиренска музика му ја свират резигнираниве дејци. Не треба тоа да го направи зашто ќе ја убие демократијата како надеж целосно во Македонија. Тој може да победи и неговата победа ќе биде нешто значајно, ќе направи разлика – но само како демократска граѓанска политичка алтернатива која носи слобода и човекови права.

(...)

Зошто кој било би гласал за новата сега сторена „популистичка СДСМ“ како копија на популистичката ДПМНЕ – кога ја има оригиналната ДПМНЕ? Како би можела политички да се прикрие таа одненадеж сторена престорба на СДСМ кон популизам ист со оној на ДПМНЕ - и тоа да биде уверливо за кого било?!

И воопшто, драги Поликлинико, зошто воопшто ни е потребна победа на уште една популистичка лага (па дури да е од нам драгиот СДСМ)? Нам ни се потребни слобода и правда, ослободување и надеж дека ќе живееме во ситуација нашите креативности да можат да се покажат непречено – само за тоа сме спремни да се бориме и пишуваме. Никакви трикчиња од неписмени и полуписмени политичари и идеолози не се повеќе „прашање на денот“.

(...)

ДПМНЕ,во меѓувреме, во целина на својата политика е нурнато во внатрешната политика и притоа комплетно ја урниса позицијата на Македонија надвор – која е клучна за нејзината сила да реши проблем и да ги оствари своите национални интереси. Згора и внатре, како времето одминува, нè турка кон целосна парализа, скапување и поделба. Ако ова не може да го согледа македонскиот народ - нема спас. Ако народот на државата не сака нејзе да ја има, кој ќе му наметне волја да ја очува својата држава? Не може со популистички трикчиња тоа да се смени. Промената ќе дојде тогаш кога ќе дојде, но таа мора да биде темелна по основните идеолошки линии кои денес нè закопуваат, а не со реторика.

Нормално, Поликлинико е дете во еуфорија и „насрет те махнитости‘‘ ( што би рекле браќата Хрвати ) развива плетенка од фешн-јаки идеи: дека, на пример, СДСМ треба да се дистанцира од Џез фестивалот и да ги пренасочи своите гласачи кон Аца Лукас и различните ракијади и пастрмлијади низ републикава. Дека треба да се организираат тури до дупката во Паљурци за млади сдсмовци и секои пет минути сдсмоовецот зен-да-зјае во неа за себе-да-се-осознава. Дека СДСМ треба да се дистанцира од соросоидите и од Сорос фондацијата, да го засака Скопје 2014–та и организирано како изгубени туристи да се шетаат млади социјалдемократи со пластични фотоапарати под споменицине. Секоја употреба на странски збор во полемика на свој член треба некоја комисија за здрав, популистички СДСМ да го прегледува и одобрува. Секој што „смрсел“ нешто мудро на трибина или на прием кај странски амбасадор да се дисциплинира, укори, па истера. Нема трте-мрте, треба да се доаѓа на власт и да се симнуваат талибанциве!

Јебига, Поликлинико, се спремаш со чакшири и опинци, јако у „четнике да идеш 1945-те“ кога сè е веќе завршено!

Слики: Свирачиња

Целата колумна можете да ја прочитате на Либертас.