1023 hPa
100 %
7 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 22:59
Добро да ја почнам и јас колумнава во ист стил. Фрчко и ти си ми мене многу драг, кај мене нема хемија но има респект за илјадниците жестоки твои колумни кои навистина ми го разубавуваа животот изминативе 10 години за кои мислам дека не сум испуштил ниту една твоја колумна и тој факт очигледно има влијание врз мојот стил на пишување и народот тоа го обожава и моите колумни досега се прочитани над 300 000 пати и побудиле интерес, со исклучок на онаа катастрофална грешка за Џамбазов, за што ќе се извинувам цел живот. Али како што вика премиево, кој работе тој греше...
Значи ти ги имаш авторитетот на професор и колумнист од 20 години и плус навреди и клевети кон мене, јас ги имам само аргументите и логиката па да видиме кој ќе напише подобра колумна. Инаку да те потсетам јас имам 33 години, две повеќе од годините кои ти си ги имал кога си станал министер во влада и ти било дадена задача да правиш устав, така што и она дете и слични термини со кои се обидуваш да ме омаловажиш ти се ефтин ударац у колено.
Ок да видиме што си напишал. Ти Фрчко велиш дека Глигоров користел често популистички инструменти. Одлично, значи стариот лисец знаел како со ВМРО-вците, па вие мајку вам божју нели научивте од него нешто бе или само учевте како се брка пички? Стариот лисец си играше мајтап со ВМРО-вците во 90-тите исто како што сега Грујо си игра мајтап со нас. Зошто ти и Бране и Милчин па и Љубчо не изградевте контра стратегија како да го тргнете Грујо до сега? Вие бе дозволивте еден недоквакан боксер со диплома од Прилеп без грам харизма и со една шака третокласни пребегани СДСМ-овци и буреконосачи на Љубчо да ве работи како бавча веќе седум години и ти ми зборуваш тука за некои ебени јаки стратегии кои ти си ги знаел а моите предлози биле глупи?
Си се фатил за слободата и човековите права како слеп за плот. Тоа бре брате поминува во земји каде нема потреба од џез фестивал за да народот слушне добар џез. Јас работев во џез клуб во Бостон. Таму секоја вечер има фантастично добар џез. И тоа во стотина клубови во цел Бостон. Таму поминува твојата приказна за слободата и човековите права. Во земја како нашата која масовно се пали на Цеца и Северина, тоа е шупља прича бе профа, како досега ти тоа не го сфати?! Цеца се гордее со Аркан, Аркан сјеба пола Босна за да им ги украде телевизорите и фрижидерите и златото за да ги продаде во Србија и од тие пари купи фудбалски клуб и стана кур фактор во Србија држејќи го пазарот на дрога и оружје и курви и фудбалери, жена му се гордее со тоа, и пак во Скопје на нејзини концерти одат 100 000 народ а другите милион им е криво шо немаат иљаду денара и пари за автобуска карта до Скопје, и ти сакаш на оваа нација да и збориш за човекови права и новинарски и политички слободи и принципи и така да добиеш избори?! Па ти друже патиш од некое чудно слепило кое те спречува да увидиш каде живееш...
(...)
Потоа прашуваш како политички ќе се извел преминот кој популистичка СДСМ. Епа лесно, треба да се десат уште десет Мимози на СДСМ, уште десетина пати да има такви јавни крикови како СДСМ не им одговарал на елитисти како тебе и Мимоза Ристова и СДСМ аутоматски е препородена. Ја се надевам како што вака мене ме ребриш ќе доживееме и Заев вака да го ребриш у колумна, тоа ќе биде најдоброто што може да му се случи во неговата политичка кариера.
Потоа мешаш тези и почнуваш со мене да се расправаш за демократија и либерални стојалишта небаре за момент забораваш со кого разговараш и почињаш да ме дупиш како ја да сум ти Влатче Ѓорчев па ми објаснуваш за тоа што е слобода и принципи. Ало бе профа, ја баш за да ја одбраниме слободата и демократијата ти кажувам дека привремено треба да изглумиме талибанци затоа што во спротивно и тие 1000 твои либерали и демократи ќе ги снема ќе останеме сами само ГЕМ, управниот одбор на Сорос ти ја и уште неколку од џез фестивалот и вработените во ЕУ инфоцентарот и америчката амбасада и оној жалниот ЛГБТ центарот кој заедно го отваравме у стара чаршија, се друго што е нормално ќе избега од државата, процес кој веќе трае во полн ек. Ако не побрзаме со отарасување од талибанците Македонија трајно ТРАЈНО ќе се претвори во Белорусија која веќе 20 години е демократска диктатура и ќе биде така у наредни 50 години најмалку затоа што критичната маса е хируршки искоренета од државата како диво месо.
(...)
Како бе така Фрчко, промена ќе дошла кога ќе дошла, па кога бе мајку му ќе биде тоа? Ќе чекаме Грујо да се измори и му здосади да владее и да работи 24/7 и ќе замине на Карибите со Боркица како у каубојските филмови, да одјаха на залезу сунца, тогаш ли ние доаѓаме на сцена? Ќе ги фатиме на кондиција а Фрче? Е јеботе бре та мотивација и храбрење, у пичку матер, ова стварно влева надеж. Ќе чекаме народот да се опамети и да се цивилизира, ваљда за едно 70 години и тогаш твоите космополитиски либерални тези ќе упалат.
Сите ние знаеме за тезата дека посилни ќе бидеме ако побргу успееме да влеземе во НАТО у ЕУ, но работниот народ на оваа држава кој работи во авто салон и мења уље по цел ден или врти плескавици Кај Злате или р'мба у рудник или е на нива или е шофер на камион или која и да е сцрпувачка работа з да преживее нема одбрамбен механизам за мега пропагандата на ДПМНЕ и нема време да стигне во Менада за да те слушне тебе така опнат со стомакот колку си ти умен и факман па да те разбере за стратегијата за името, туку вечер у седум дома у дневна ќе го види Латас како тоа твоето го спакувал у паковање од кое кутриот човек ќе добие пролив особено кога пак ќе го чуе кај Бурекот во народна форма без многу дубина. Ти треба да знаеш дека твоите изјави се храна на пропагандата која потоа ги преџвакува и ги сервира како отров на нацијата од кој отров нацијата пошизува и фаќа уплав од опозицијата.
Јебига Фрче, пораснаа пилци поебаа квачки. Ова е друго време помина вашето на тебе и на Љубчо и на Бранко. Сега треба на Грујо да му се одговори пандан со иста таква итроштина и снаодливост затоа што копилето е многу интелигентно вредно и остроумно и безмилосно и со него треба да се игра прљаво и тактички иначе ќе изгинеме до еден. Учел он сите овие години по малце од сите вас и како оние кунг фу нинџи ви еба матер на сите, ви ги скрши вратовите а вас уште не ви текнува. А ние го јадеме стапот и даље, дај моља ти се тргнете се не сметајте, не не бранете веќе, у реду е...
Слики: Свирачиња
Скратената колумна на Фрчкоски на Окно
Целата колумна на Саше Ивановски на Мактел