Најнови вести од економијата!

29.10.2013 07:56
Најнови вести од економијата!

Владата не престанува со отворање поволни индустриски зони таму каде што има место. Последната индустриска зона за привлекување странски инвестиции се отвори на Google+ и во наредните неколку месеци се очекува заинтересираност од повеќе светски компании за инвестирање и отворање нови работни места за граѓаните на Македонија. Иако според голем број соросоидни аналитичари и платеници на опозицијата овој потег е промашена мерка, Владата стои на своето и силно верува дека со поволностите што ги нуди ќе донесе голем број нови странски инвестиции. На отворањето присуствуваше и премиерот со своите блиски соработници кои свечено се логираа на оваа социјална мрежа и посакаа добредојде за сите оние кои се сериозни и кои сакаат да инвестираат во Македонија, помагајќи си себеси како моќни компании а истовремено помагајќи и им на 3.460 планирани нови работници кои сѐ уште чекаат вработување од времето на СДСМ и се оставени на улица од Бранко.

Уште еден мал настан го обележа и овој ден. Мал, но доста значаен за граѓаните на село Депреште. За разлика од сите кои беа на google+, министерот за финансии уште еднаш беше на лице место, меѓу народот, со своите раце, нозе и одело, благословувајќи го отворањето на нова шахта во селото, која уште од времето на СДСМ собира фекалии и шири разни мириси незгодни за македонскиот народ и самите граѓани на селото, кои за жал во моментот не се тука, туку се на печалба во Италија, барајќи леб за себе и своите фамилии, оставени на улица од времето на Бранко и опозицијата која веќе 8 години работи против државните интересии, а кога може да вработува, тогаш тоа го прави само за блиски роднини на третите братучеди на Заев, кој пак е продолжената рака, нога и шија на Бранко.

За повеќе поволности околку работата на Владата ќе се јавиме со сигурност подоцна, па дури и да ви го повтриме истото, убаво е да го знаете. Инаку, може да нѐ следите по сите телевизии ширум републикава, и уште 68 веб портали кои работат независно, за разлика од неколкуте проопозициски кои се спонзорирани од Сорос и кој ти уште таму не знам што не ѝ мислат добро на Македонија. На нашата една, мила и единствена Македонија. Да живее Македонија.

П.С. ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!

П.С. 2. Погледнете ги ексклузивните и скандалозни слики на Станија, како се тушира гола, а после тоа носи проѕирна бањарка купена од Долче Екибана!!! Шок, Шок, Шок!!!!!!

Извор: www.facebook.com/vlatko.vasilj