Костарика ги затвора сите зоолошки градини, животните на слобода

31.10.2013 06:46
Костарика ги затвора сите зоолошки градини, животните на слобода

Властите во Костарика одлучија да ги затворат сите зоолошки градини во земјата и да ги пуштат животните на слобода, за да го збогатат биодиверзитетот во земјата.

Властите во оваа мала тропска држава соопштија дека ќе ги затворат сите домашни зоолошки градини и ќе испратат во природна средина околу 400 животни кои во моментов живеат во нив, меѓу кои има крокодили, лавови и мајмуни.

Според весникот Consoglobe, костариканските зоолошки градини целосно ќе престанат со работа во март 2014, кога истекува договорот кој ги врзува властите со компаните кои управуваат со зоолошките градини.

Напуштените зоолошки градини ќе бидат преуредени во јавни паркови во кои животните слободно ќе можат да се движат.

„Ќе ги исфрлиме кафезите со намера да ја поттикнеме природната интеракција на луѓето со биодиверзитетот“, вели Рене Кастро, министер за заштита на животната средина на Костарика.

„Не можеме повеќе да ги држиме животните во заробеништво или затворени на кој било начин. Освен во ретки случаи, кога е потребно да се заштити некој загрозен вид“, истакнува тој.

Меѓутоа, сите не се одушевен од оваа идеја. Луѓето кои во моментов управуваат со зоолошките градини сметаат дека предвидената мерка може да биде опасна за животните.

„Ако ги пуштиме во шума, ќе умрат од глад бидејќи не знаат како да ловат. Тие животни се навикнати на живот во кафези“, објаснува Јоланда Матаморос, директорка на зоолошката градина Симон Боливар во Сан Хозе.

Костарика не е единствената земја која постапува на овој начин. Во Индија и во уште неколку земји, делфините од неодамна имаат статус на не-човечки лица, а САД наскоро би требало да донесе закон кој ќе го регулира животот на шимпанзата во кафезите.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото