Повик за измислување работни места

01.11.2013 10:03
Повик за измислување работни места

Скопје, 1 ноември 2013

Премиерот на Република Македонија, господинот Никола Груевски, ги повика граѓаните да учествуваат на отворениот конкурс за измислување нови работни места, на кои со компјутерско извлекување ќе се вработат 30.000 граѓани.

Груевски објаснува дека владата бара помош од народот, бидејќи државата има голем капацитет да вработува, но ѝ недостасуваат идеи на која позиција да ги распредели новите среќници кои ќе земаат државни плати.

„Ги повикувам сите граѓани да предлагаат нови работни места и позиции за невработените. Оние чиишто предлози ќе бидат прифатени, ќе бидат наградени со почесно членство во ВМРО-ДПМНЕ, што - мора да признаете - е основен предуслов за каков било напредок во Македонија“, изјави Груевски за Пара вести.

Граѓаните можат да ги испраќаат своите предлози на адресата budzet_mashalacicka@grujo.com, а дел од пристигнатите предлози се објавени на интернет страницата www.sitevoadministracija.gov.mk. Подолу може да погледнете дел од предлозите:

-Чувар на камен темелник
-Надгледувач на чуварот на камен темелник
-Снабдувач со цигари на чуварот на камен темелникот
-Растерувач на птици на неискористена индустриска зона
-Оплакувач на несудена инвестиција
-Координатор на спонтан контрапротест
-Дегустатор на сендвичи за контрапротестанти
-Чувар на името
-Чувар на идентитетот
-Координатор на тело за недавање на името
-Афирматор на владините политики на интернет форуми
-Коментатор-спамер на критичките медиуми
-Работник како таков
-Седач дома и примач на плата
-Професионален патриот
-Разобличувач на предавници
-Аплаудирач при сечење црвена лента
-Повторувач на фразата „барем се гради“
-Повторувач на фразата „а Бранко, а СДСМ?“
-Агитатор за размножување на сиромашните
-Оплодувач на сиромашни

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото