Се губи секаква трага од Надежда Толоконикова

04.11.2013 08:20
Се губи секаква трага од Надежда Толоконикова

На членката на рускиот бенд Pussy Riot Надежда Толоконикова ѝ се губи секоја трага, откако пред 10 дена беше преместена во нов затвор.

Нејзиниот сопруг за порталот US news изјави дека нема никаква вест за неа и дека нејзината локација се чува во тајност. Тој рече дека последен пат знаел каде таа точно се наоѓа на 21 октомври, кога стражарите со воз ја повеле во друг затвор, и дека патници во возот ја виделе на 24 октомври во Челебинск, на Урал.

Пјотр Верзилов, сопругот на Толоконикова, тврди дека нејзиното преместување е одлука на властите во Москва, за да ја „отсечат од светот“. Тој додава тека таа е уште послаба од штрајкувањето со глад и ги обвини властите дека сакаат да ја казнат поради нејзините протести.

Потсетуваме, таа во неколку наврати штрајкуваше со глад во затворот Мордовија, каде беше на отслужување на двегодишната казна.

Толоконикова се жалеше од условите во затворот, каде, како што тврдеше, работела и по 16 часа, но и од персоналот кој ѝ ја ускратувал дури и водата.

Мордовија се наоѓа на 445 километри од Москва, и тука се наоѓаат работни, казнени кампови кои датираат уште од озлогласениот систем на гулази кој го формирал Сталин.

Надежда Толоконикова, Марија Аљохина и Екатерина Самуцевич се осудени на 17 август 2012, на по две години затвор за хулиганство, откако во храмот на Исус Спасителот во Москва изведоа перформанс во знак на протест поради кандидатурата на Владимир Путин за трет претседателски мандат.

Многумина во Русија го сметаат овој бенд за богохулен, но судскиот процес против овие девојки предизвика згрозување ширум светот.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото