1017 hPa
78 %
21 °C
Скопје - Пон, 13.07.2026 01:59

Демонизирањето на цели народи и земји, како и креирањето надворешни непријатели, се методи за обединување на нацијата (најчесто, обединување околу власта) кои во различни форми се користат и денес.
Кон средината на XX век, овие методи во САД сосема отворено и вулгарно пропагандистички, преку постери од кои некои денес делуваат урнебесно смешно, се користеле за оцрнување на Советскиот сојуз и комунистите.
Па, што би се случило со САД ако злите брадести Руси завладеат со нивната земја? Според пропагандните плакати, ќе бидат фрлени голем број атомски бомби, жените ќе бидат подложени на насилство и угнетување, американските мажи ќе бидат стерилизирани, децата конвертирани во Руси...








Извор: sobadsogood.com