Седум бесмислени забрани за жените ширум светот

05.11.2013 11:39
Седум бесмислени забрани за жените ширум светот

Индија (некои делови од земјата): правилата за безбедност на патот не се однесуваат на жените

Во одредени држави во Индија жените се изземени од правилото за безбедност ке се однесува на носење кацига кога возите мотор - исклучок кој убива или повредува илјадници луѓе секоја година. Луѓето кои го поддржуваат овој закон велат дека тој само се обидува да ги сочува женските внимателно креирани фризури како и шминката на нивното лице.

Јемен: жената се смета само за половина сведок

Ова е официјален став кога станува збор за сведочењето во Јемен, каде жената не е „препозната како компетентна личност пред судот“. Генерално, сведочењето на жената не е сериозно доколку не е поддржано од некој маж или не подразбира ситуација во која бил присутен и маж. Исто така, жените не можат да бидат сведоци во случаи кои се однесуваат на прељуба, кражба или содомија.

Саудиска Арабија и Ватикан: жените сѐ уште не можат да гласаат

Иако звучи неверојатно, во Саудиска Арабија со кралски декрет тоа право ќе им биде овозможено на жените дури во 2015 година. Ватикан е втората земја која им го ускратува правото на глас на жените.

Еквадор: абортусот е илегален, освен „ако не сте идиот“

Ова е официјална политика во Еквадор, каде абортусот одамна е забранет за сите, освен за „идиотите“ и „пореметените“. Политичарите моментално размислуваат за употреба на нешто поблаг термин како што е „ментално болни“, но тоа нема да го промени статусот на абортусот во оваа земја.

Саудиска Арабија и Мароко: жртвите на силување можат да бидат обвинети за злосторство

Многу земји не усепваат да ги заштитат жртвите на силување, меѓутоа, некои одат чекор понатаму - ги казнуваат жените поради излегување од дома без придружба на маж, затоа што се сами со маж кој не им е роднина или затоа што потоа забремениле или биле силувани.

Јемен: жените не смеат да ја напуштат куќата без дозвола на мажот

Јемен, каде овој закон е на сила, сепак дозволува и по некој исклучок од ова правило: на пример, жената може своеволно да излезе од дома, доколку мора итно да оди да се погрижи за болните родители.

Саудиска Арабија: жените не смеат да возат

Властите во оваа земја едноставно одбиваат да им издадат возачки дозволи на жените, и покрај бројните протести на организациите за граѓански права и права на жените.

Извор: Washington Post