Состојка на марихуаната го спречува ракот?

06.11.2013 18:20
Состојка на марихуаната го спречува ракот?

Состојка која се наоѓа во марихуаната може да го спречи ширењето на ракот по телото, смета група американски научници. Тимот од истражувачкиот институт California Pacific Medical Center смета дека канабидиолот или CBD може да биде замена за хемотерапијата која воопшто не е штетна.

За разлика од канабисот, CBD нема никакви психоактивни својства и така не би се кршел законот поврзан со конзумирање дрога.

Авторите на истражувањето истакнуваат дека не се заговорници на пушење марихуана, бидејќи мала е веројатноста CBD да има позитивен ефект преку пушењето марихуана.

CBD дејствува така што активно го блокира генот кој се нарекува ld-1, за кој се верува дека е одговорен за агресивното ширење на ќелиите на ракот од изворот на самиот тумор - значи, директно се „вмешува“ во процесот на метастазирање.

Претходните истражувања покажаа дека CBD може да ги блокира агресивните мозочни тумори, додека последните истражувања дојдоа до ист заклучок за дејството на CBD на ќелиите на ракот на дојка во лабораторија.

„За сега имаме само ограничен збир можности за третман на агресивните видови тумор. Таквите третмани, како што е хемотерапијата, можат да бидат ефикасни, но исто така и многу штетни, па пациентите главно лошо ги поднесуваат. Споменатата супстанца нуди можност за нетоксична терапија која би можела да има исти резултати без непријатните придружни појави“, вели главниот истражувач д-р Шон Мекалистер.

Д-р Џоана Овенс од Британскиот центар за истражување на ракот вели дека истражувањето сѐуште е во рана фаза.

„Споменатите наоди мораат да се поткрепат со клинички истражувања на луѓе, за да се види колку CBD е сигурен и дали корисните својства можат да се повторат во други случаи“, смета Овенс.

Извор: stetoskop.info