Михајло Арсовски - дизајнер со мисија

07.11.2013 16:33
Михајло Арсовски - дизајнер со мисија

Неодамна добив книга за еден хрватски дизајнер на чие дело се восхитувам. Михајло Арсовски е роден 1937 година во Скопје, во семејство на предвоени левичарски револуционери. Студирал историја на уметност и архитектура во Загреб. Многу од неговите постоери од 60-те содржат суптилна критика, отпор кон владејачката идеологија и демистификација на култот кон југословенскиот лидер Јосип Броз Тито. Арсовски некако избегнал да биде фатен во замката на комунистичката пропаганда.

Арсовски изработувал колажи и постери за студентското движење од 1968 година, а уште повеќе е познат по плакатите изработени за претставите кои се играле во загрепскиот театар. Тој развил свој посебен и препознатлив визуелен јазик, користејќи ги типографијата, колажот и фотомонтажата како суштински елементи на неговата методологија.

Книгата Arsovski на Д-р Јасна Гаљер, историчарка на уметност, е објавена само на хрватски јазик, но вреди дури и ако може да ги погледнете само сликите.

Извор: printmag.com

ОкоБоли главаВицФото