Протестен марш за спас на Водно

08.11.2013 12:56
Протестен марш за спас на Водно

Сведоци сме на масовно, повеќестрано, манипулативно и премолчено уништување на парк шумата Водно – единствениот излез на чист воздух од загадениот град во кој живееме. ТОА НЕ СМЕЕ ДА ПРОДОЛЖИ.

За таа цел, на иницијатива на неформална група граѓани под називот „Да го спасиме Водно“ повикува на учество во протестниот марш кој има за цел да ја рашири веста за урбанизацијата на Водно до граѓаните на Скопје и да се спротивстави на насилната урбанизација на белите дробови на Скопје. Водно НЕ смее да се претвори во ресторантски комплекс, паркинг, елитна населба, телекомуникациска кула со штетни зрачења или каков било друг урбан проект за остварување профит. ВОДНО е и ќе остане симбол за бегство од асфалтната џунгла во Скопје.

Планинарските и еколошките друштва, како и сите вљубеници во природата, се првите кои треба да го кренат гласот против оваа катастрофа.

Маршот ќе се одржи на ден 17 ноември (недела) 2013,
собирно место „Кочо Рацин" во 10:30 часот и Средно Водно во 11:30 часот. Врв на Водно 13:00 часот.

Очекуваме Ваше масовно присуство.

За воздухот се работи! Да дишеме како луѓе!

Да го спасиме Водно!

ОкоБоли главаВицФото