Стоп за политички монтираните судски процеси

08.11.2013 17:05
Стоп за политички монтираните судски процеси

Цивил – Центар за слобода и Фондацијата Отворено општество Македонија најостро го осудуваат начинот на водење судски процеси, спектакуларните апсења и честата употреба на мерката притвор во низа судски случаи во последните неколку години.

Најостро го осудуваме судот кој шест месеци го држеше во притвор новинарот Томислав Кежаровски во тешки затворски услови, му изрече драконска казна од 4,5 години и сѐ уште му ја ускратува можноста да ја докаже својата невиност.

Мерката затворски притвор која судот ја замени со домашен вчера (7 ноември 2013) не ја сметаме за акт на добра волја, туку за обид за манипулација на домашната и светската јавност.

На истиот ден кога Кежаровски е испратен на домашен притвор, уапсен е новинарот Зоран Божиновски, а во притвор или веќе на издржување казна затвор се наоѓаат повеќе луѓе за кои постои оправдано сомнение во домашната и меѓународната јавност дека се работи за политички мотивирани постапки.

Бараме:

-Судот да го ослободи новинарот Кежаровски во потполност, а во замена за тоа да изрече мерка отштета за претрпените трауми за време на апсењето и притворот.

-Судот да го прекине прогонот на новинарот Зоран Божиновски.

-Судот да ги укине мерките притвор за сите лица во случаите Шпион и другите случаи каде мерката притвор не е неопходна, а за кои во јавноста веќе се произнесоа познати и признати правни експерти.

-Парламентот да формира вонредна комисија за истрага на судските случаи во кои се очигледни политичките мотиви и да преземе итни чекори кон корекција на однесувањето на судската власт.

-Владата и Министерот за правда да преземат итни чекори за деполитизација на судството.

Извор: civil.org.mk
Слика: Јоана Крузе

ОкоБоли главаВицФото