УНС: Внимателно со испорачувањето на Божиновски во Македонија

11.11.2013 08:52
Внимателно со испорачувањето на Божиновски во Македонија

Здружението на новинари на Србија (УНС) е загрижено поради апсењето на македонскиот новинар Зоран Божиновски во Нови Сад, кој е уапсен по потерница на Интерпол, со обвинение за злосторничко здружување, шпионажа и уцена од Кривичниот законик на Македонија. УНС потсетува дека судот во Македонија неодамна, без валидни правни причини, го осуди новинарот Томислав Кежаровски на четири и пол години затвор „поради откривање на идентитет на еден сведок во случај на нерасветлено убиство“.

Ваквата пракса на судот во Скопје ја осудија Европската федерација на новинари (EFJ) Организацијата на медиуми од југоисточна Европа и Здружението на новинари на Србија.

Поради тоа, УНС бара од Министерството за правда на Србија при одлучувањето за испорачување на Зоран Божиновски во државата која со спорни пресуди осудува новинари и бара нивно апсење, да биде посебно внимателно и да ги испита сите околности кои се од значење за заштита на професионалните права и интересите на новинарите.

Извор: uns.org.rs