До следното ослободување на Скопје

13.11.2013 13:55
До следното ослободување на Скопје

На 13-ти ноември, 1944 година, на Камениот Мост биле стрелани случајни минувачи од страна на германските фашисти. Спомен обележјето во чест на овие жртви, повеќе го нема. Урнато е поради градежните работи на плоштадот Филип Втори.

Така, денес наместо да се поклониме на вистинските херои, градиме и скапо плаќаме споменици на фабрикувана историја и лажна големина.

Мојот прадедо бил еден од оние кои учествувале во ослободувањето. Мојот дедо ми раскажуваше за окупираното Скопје, за Скопје по земјотресот, за луѓето кои создавале со надеж... Сето тоа ми е туѓо. Затоа што во мојот град гледам насилие и смешна суета на еден грст насилници. Да, насилници. И безизразни лица кои резигнирано го дозволуваат нивното самоволие.

Се надевам дека и јас некому ќе раскажам една поубава приказна за овој град.

За следното ослободување на Скопје.

via@Inna_E
Фотографија: Мари Елен Сингал