Економската криза удри по студентите: сѐ потешко се купува испит

13.11.2013 13:50
Економската криза удри по студентите: сѐ потешко се купува испит

Скопје, 13 ноември 2013

Економската криза која со години ја мачи Македонија, во голема мера влијае на високото образование. Статистиките покажуваат дека од почетокот на кризата од 2008, дури 37% студенти помалку дипломирале, затоа што поради сиромаштијата е сѐ потешко да се купи дипома.

„Веќе две години не положив ниту еден испит. Откако економската криза зеде замав, од одличен студент се претворив во тотален пропалитет. Вака веќе не оди. Ако професорите на УКИМ не ги намалат цените, ќе мора да се префрлиме на универзитетот во Штип или на некој друг факултет“, вели сиромашниот студент Златко Тупаковски.

Многу македонски студенти се жалат дека професорите ги заостриле критериумите и дека ги интересираат само пари, што порано не било случај.

„Порано можеше да се положи испит со мито од неколку гајби грозје, повеќе шишиња алкохол, скапи парфеми, или со разголување на усните испити, во случајот на студентките. Сега бараат само пари“, вели студент кој сака да остане анонимен.

Професорите, пак, велат дека се обидуваат максимално да ги намалат цените за проодност на испитите, но се соочуваат со арогантноста на студентите.

„Пред некој ден, кога студент ме праша колку чини испитот, покажав добра волја и наместо илјада, му побарав осумстотини евра. А тој, замислете, му одговори дека тоа е скапо! Ако некој не сака да вложи во образованието, воопшто нека не се запишува на факултет“, револтирано вели професорот Митко Митковски.

Извор: news-bar.hr