Работнички во Првата светска војна

18.11.13 09:55

За време на Првата светска војна, кога најголемиот дел од мажите биле ангажирани директно на фронтот или во други активности кои непосредно имаат врска со војувањето, голем број жени ги замениле на нивните работни места. Така, она што пред војната било незамисливо, станало секојдневние: жените ги работеле сите традиционално „машки“ работи: пожарникари, разнесувачи на поштенски пратки, работа во фабрики за оружје и обработка на метал, а дел од жените и директно се вклучиле на фронтот.

Поводот за вклучување на жените во овие активности е ужасот на Првата светска војна, но историски, тоа ќе одигра значајна улога во понатамошната борба на жените за поголеми права и еднаквост, особено во поглед на работните места.

Извор: www.vintag.es