Јапонски архитекти протестираат против несразмерно голем стадион во Токио

18.11.2013 12:17
Јапонски архитекти протестираат против предимензиониран стадион во Токио

Јапонскиот архитект Фумихико Маки собра група архитекти, меѓу кои се и Тојо Ито, Су Фуџимото, Кенго Фума и Рикен Јамамото, за да протестираат против проектот за Олимпискиот стадион во Токио на авторката Заха Хадид.

Маки, добитникот на Пицкеровата награда 1993 година, организираше симпозиум на кој јапонските архитекти протестираа против димензиите на предложениот стадион кој би имал 80.000 седишта и кој би требало да биде главен спортски објект за претстојните Параолимписки игри во 2020 година.

Су Фуџимото за Architects Journal изјави дека кампањата е покрената бидејќи зградата на Захе Хадид ќе биде преголема во однос на опкружувањето, кое го вклучува и Олимпискиот стадион од 1964 година, монументално здание кое е проектирано од Кензо Танге.

„Се надевам дека протестот ќе биде успешен и дека проектот ќе се 'намали' за да се вклопи во контекстот“, изјави Фуџимото за споменатото списание. „Не се борам против Захе. Конкурсот за стадионот беше ригорозен и не можеме да го вратиме времето назад, но проектот можеше да биде подобар“.

Групата архитекти собрани од Маки смета дека проектот може да се подобри. Симпозиумот наречен „Повторно промислување на новиот Национаен стадион во историскиот контекст на Гаиен“ беше пренесен со стриминг во живо преку интернет страницата Ustream.

Освен споменатите архитекти, на поканата за симпозиумот се одзваа и архитектите Хиденобу Џинаи, Таро Игараши, Шинџи Мијадаи и Тецуо Фуруичи.

Заха Хадид ја доби првата награда на конкурост во декември 2012 година, победувајќи десет други финалистки, меѓу кои и јапонското биро SANAA, Тојо Ито и Асуза Секеи. Дел од жирито беше и Тадао Андо, кој тогаш го коментираше победничкиот проект со зборовите: „Динамичниот и футуристички проект ги отелотворува пораките кои Јапонија би сакала да ги упати до остатокот од светот“. Планирано е стадионот да биде изграден до 2018 година.

Хадид веќе беше остро критикувана кога за Олимписките игри во Лондон 2012 го проектираше Aquatics Centre, со 600 места за седење кои имаа ограничен поглед на скокалницата во вода.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото