За дом спремна!

22.11.2013 10:52
За дом спремна!

Моите пријателки и јас не гледаме фудбалски натпревар дури ни кога игра Хрватска. Излегуваме од дома, секоја во свој правец. Нашите мажи никогаш не ги гледаат момците сами. Додека зјапаат во екранот лицата им се со боја на крв, пивото им се цеди низ хрватските бради, замотани во „коцките“ се инкарнација на сѐ што е машко и хрватско.

Ми се чини дека Хрватска со години не растурила некоја од непријателските земји па затоа мојот маж синоќа беше посебно наострен. „Мораме да ја уништиме Шведска! Ќе ја срамниме со земја!“ Нашите пријатели Трпимир, Звонимир и Крешимир врескаа: „Во бој, во бој, за народот свој, во бој, во бој, за народот свој!“ На телевизија имаше вести.

Не гледам вести, ама ми рекоа дека власта во Хрватска ја преземал Стожер. Стожер се луѓето во црно кои можат на претседателот на Хрватска и претседателот на Владата и Собранието да им наредат каде и во која насока смеат да се движат. Некои околу мене ја нарекуваат состојбата во Хрватска ползечки фашизам, бидејќи Стожер не победи на избри. Тоа нема врска. Во фашистичките земји гадниот народ се подбуцнува против другите народи, шири параноја, се креваат рацете во воздух, сите врескаат ко еден, хајл Хитлер. А кој во Хрватска вика хајл Хитлер? Никој, ете кој.

Се оддалечив од темата. Нашите момци синоќа тргнаа на Шведска, мажот ми ја стави раката на гениталиите. Сака да го гали кога на екранот ги гледа „коцкестите“, квадратчињата наречени „коцкички“, бидејќи имаше единица по геометрија како и останатите четири милиони Хрвати. Додека полека ја навлекуваше кожичката, се извлеков од дома.

Хрвоје ме чекаше во станот на татко му, тој е најстариот син на Крешимир, единствениот маж во Хрватска кој не сака фудбал а има четириесет години. Извинете, фудбал не сакаат ни моите хрватски пријателки. Секогаш кога излегувам од дома пред нашите да тргнат да разорат некоја земја, пијам апаурин, прексанил и волтарен. Прексанил за да не ми се качи притисокот, апаурин за да се опуштам.

Хрвоје знае да биде креативен во креветот, па пијам волтарен за да не се вкочанам. Имам проблем со ’рбетот, М42.1 остеохондроза на пршлените кај возрасните, тој наод го добив во Клиниката за ортопедија во Ловран, тие се најдобри во Европа. Тоа М42.1, тоа ви е кога нешто ќе ве пресече во најлошиот момент. Последен пат ме вкочани кога со онаа Норвешка игравме еден-еден, пред околу осум дена.

Хрвоје бараше од мене да ги кренам нозете во воздух, уште, уште, уште и уште. Да не беше волтаренот ќе се откажев уште при првото „уште“, а вака се вкочанив дури кај четвртото. Мислев дека умирам, ебениот волтарен не е тоа што беше некогаш, а Хрвоје дојде на своето. Колку му требаше? Околу половина час. Штом го преживеав тоа, ќе преживеам сѐ. А потоа се провикна: „За доооооом!“ Јас се развикав: „Сссссссппппппррррррееееееммммммнааааа!“

Хрвоје повика брза помош кога виде дека не можам да ги спуштам нозете, па ми дадоа, јас мислам блокада, па отидов дома. Мажот ми, Трпимир и Крешимир се тркалаа во нашиот брачен кревет. Се пласиравме на првенството. Трпимир врескаше, ова е Хрватска, мојот маж го јаваше Крешимир, Трпимир му ги гребеше јајцата, а Звонимир... Да е ова порнографски текст, би ви кажала зошто устата на Звонимир беше ширум отворена.

Да, јас сум за тоа Хрватска да ги потроши последните пари на фудбал, само тоа може да ги усреќи сите Хрвати и сите Хрватки. И не е вистина дека повикот „за дом спремни“, фашистичкиот повик, се вреска кога некој ебе некого до смрт. А ние Хрватите најмногу на светот сакаме кога нѐ ебат. До последниот здив. Наш.

Извор: rudan.info

ОкоБоли главаВицФото