Долно небо

23.11.2013 10:29
Долно небо

Распрашувањето и кај најупатените познавачи на астрологијата нема да ви помогне - тие замолчуваат кога ќе им се постави прашањето дали постојат уште некои знаци на зодијакот покрај дванаесетте што се општо познати.

Но, секако дека ги има. Тие им припаѓаат на луѓето што се родени во некои отсечки на времето надвор од календарот - или надвор од оној календар со кој сме соочени во секојдневниот живот.

Познавав еден кој тврдеше дека е роден во знак на крт. Тој ги наведуваше, како одлики кои ги следат оние што се родени во тој знак, склоноста кон подземните нешта, кон опасните заговори. Постојано зборуваше за лавиринти, за подземни премини, за засолништа и скривалишта. Загина возејќи, кога еден тунел попушти токму во мигот кога тој беше некаде кон неговата средина.

Добро, ќе речете, но на небото не постои соѕвездие на Кртот? Прашање е само - на кое небо мислите?

Расказот е преземен од книгата „Седмата страна на коцката“ во издание на Магор

Слика: Ед Шаап

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото