Во посета на плакарот на Софи Бухаи

23.11.2013 12:00
Во посета на плакарот на Софи Бухаи

Софи Бухаи е една од основачите на Vena Cava. Сакавме да се запознаеме со неа и да го претставиме нејзиниот плакар уште од почетокот на овој проект. Таа конечно се пресели од Лос Анџелес во Њујорк, и сега имаме шанса да ја видиме нејзината неверојатна колекција!

Опиши го твојот личен стил.

Калифорнија од раните модерни 90-ти via малите second-hand продавнички? Мислам дека тоа е мојот стил во моментов, ако воопшто постои нешто такво!

Кои се твоите омилени дизјанери/ки?

Кристоф Лемер, Џефри Бин, Винтиџ Ив Сен-Лорен, Зоран, Исеи Мијаке од 70-те, Прада од 90-те, Норма Камали, Марјам Насир Задех.

Каде најмногу уживаш да купуваш?

Подрумот на мајка ми за ретро парчиња од 80-те и 90-те (никогаш не фрла ништо), Scout, Maryam Nassirdazeh, Loehmann's, Barneys, Ebay.

Кои личности би ги издвоила како стилски икони?

Шарлот Рамплинг, Џоан Дидион, Мари Мекфаден, Анџелика Хјустон, Кејт Мос од 90-те.

Има ли некои парчиња облека од кои не се одвојуваш и постојано ги носиш?

Фармерки со висок струк, еспадрили, блузоните од Vena Cava, хулахопки, хипи фустани.

Што купи последно?

Кремаст антилопски винтиџ Гучи фустан... Немам поим што си мислев кога го купив. Не е практично... но е Гучи од 70-те.

Ти се случило ли да купиш нешто по неверојатно пониска цена?

Сите вистински добри парчиња кои ги имам се од мајка ми или од моите баби. Има некоја непосредност при наследувањето облека која прави да се чувствувам поавтентично и посебно. Најдобрите парчиња се оние кои само ти ги имаш, и мислам дека баш заради ова толку сакам винтиџ.

Некој совет за економично купување?

Никогаш не купувајте ништо прескапо. Секогаш има продажби или нешто уште подобро скриено негде на интернет. Добриот стил зависи од вистинската потрага, а не од тоа колку пари ќе потрошите.

Што најмногу сакаш кај твојата работа?

Тоа што постојано се обидувам и пронаоѓам нови начини да бидам креативна, да ги кршам правилата, мојата опсесија со нови нешта секоја сезона, соработките со пријателите за најразлични проекти.

Кои производи за убавина би ги препорачала?

Арганово масло за лице, дезодрансите на Езоп како парфем, кармините на Шанел.

Без кои пет нешта не можеш да живееш?

Сребрен накит, маскара, балетанки, фармерки со висок струк, црвен кармин.

Извор: closetvisit.com