За (бе)смртноста на виртуелниот живот

26.11.2013 09:44
За (бе)смртноста на виртуелниот живот

Ќе зборувам за четири теми кои очигледно одат заедно - големите податоци, тетоважите, бесмртноста и Грците. Одат заедно, нели? Работата со тетоважите е таква што дури и без зборови, тие навистина гласно зборуваат. Така што не сте приморани да објаснувате. Тетоважите раскажуваат многу приказни. Ако смеам да поставам индискретно прашање- колкумина од вас имаат тетоважи? Неколкумина, но не повеќето. Што ако Facebook, Google, Twitter, LinkedIn, мобилните телефони, GPS, Foursquare, Yelp, Travel Advisor, сите тие работи кои секојдневно ги користите, се всушност, електронски тетоважи? И што ако даваат еднаква количина информации за тоа кој и што сте вие, како што тоа го прави која било тетоважа?

Она што се случува последните две децении е дека количината на следења која ја имавте како челник на државата или како славна личност, сега ја имате секој ден од сите оние луѓе кои твитаат, блогираат, кои ве „следат“, го гледаат вашиот кредитен рејтинг и тоа што си го правите самите на себе. И електронските тетоважи исто така гласно зборуваат. Додека размислувате за последиците од тоа, многу е тешко да се сокриете од овие нешта, меѓу другото, затоа што не се само електронски тетоважи, туку и препознавање на лицето, кое станува сѐ понапредно. Толку напредно што можете да направите слика со iPhone-от, и да ги добиете сите имиња. Системот понекогаш и греши, но и понатаму ви овозможува да направите слика во кафeана врз чија основа ќе успеете да дојдете до името на лицето и да ги „соберете“ сите податоци, и пред да размените еден единствен збор со тоа лице. На крајот, излегува дека сите сме сосема прекриени со електронски тетоважи.

Денес постојат фирми како што се face.com, кои на интернет поседуваат слики од околу 18 милијарди лица. Фирмата ја купи Facebook, на 18 јуни 2012 година. Постoјат други фирми кои ќе постават камера и ќе ве сликаат, ќе ве поврзат со социјалните мрежи, ќе откријат дека навистина сакате да носите црни фустани, па можеби до вас ќе дојде продавачот и ќе ви каже: „Еј, имаме пет црни фустани кои би изгледале одлично на вас“.

Што ако Енди Ворхол згрешил? Еве ја неговата теорија. Во иднина, сите ќе доживеат светска слава од 15 минути. Што ако малку го свртиме ова обратно? Што ако станете анонимни на само 15 минути? Во тој случај, заради сите тие електронски тетоважи, можеби сите сме блиску до бесмртноста. Бидејќи овие тетоважи ќе живеат многу подолго од нашите тела. И ако тоа е вистина, тогаш секако би сакале да ги поминеме четирите лекции на Грците, и едната лекција на Латиноамериканците.

Зошто Грците? Па Грците размислувале што се случува кога боговите, луѓето и бесмртноста се мешаат долго време.
Прва лекција: Сизиф. Се сеќавате? Тој направи ужасна работа, осуден засекогаш да го турка каменот нагоре, кој потоа се тркала надолу, па тој повторно го турка нагоре, а каменот се тркала надолу... Тоа малку личи на вашата репутација. Кога еднаш ќе ја добиете таа електронска тетоважа, ќе туркате нагоре и ќе се тркалате надолу многу долго, па додека минувате низ таа состојба, морате да бидете внимателни што објавувате.

Мит број два: Орфеј, прекрасен лик, одличен во друштво, добар забавувач, голем пејач, ја губи својата љубов, со помош на својот шарм оди во подземјето и е единствениот човек кој успева да стигне до подземјето на тој начин, ги шармира боговите на подземјето, и ја пуштаат неговата убавица под услов да не ја погледне додека не излезат. Излегува, излегува, излегува и не може да одолее. Ја погледнува и ја губи засекогаш. Со сите овие податоци на располагање, добро би било да не гледате предалеку во минатото на оние кои ги сакате.

Лекција број три: Аталанта. Најголемиот тркач. Таа би предизвикала кого било. Ако победиш, ќе се омажи за тебе. Ако изгубиш, ќе умреш. Како Хипомен ја победил? Па ги имал сите тие златни јаболчиња, и кога таа ќе потрчала напред, тој ќе стркалал едно јаболко и со тоа ќе ѝ го одвлечел вниманието. На крај ја победил во трката. Сетете се само на смислата на сите тие мали златни јаболка кои доаѓаат до вас, и посакувате да објавите нешто за нив, или да твитате за нив, или да пратите порака во ниедно време.
И потоа, секако, тука е Нарцис. Никој никогаш нема да признае дека е сличен на Нарцис. Но, додека размислувате за него, внимавајте да не се заљубите во сопствениот одраз.

Последната лекција е од Латиноамериканците - кога на големиот поет Хорхе Луис Борхес му се заканувале насилниците од аргентинската воена хунта, тој се вратил и рекол: „ Ма ајде, како поинаку можете да се заканувате, освен со смрт?“ Интересна работа, оригинална, би било на некој да му се заканувате со бесмртност. И тоа е, секако, она што ни се заканува денес поради тие наши електронски тетоважи.

Извор: protest.ba
Слики: Тобијас Гутман

ОкоБоли главаВицФото