1016 hPa
34 %
32 °C
Скопје - Вто, 14.07.2026 19:59

Во САД помеѓу двете светски војни често се појавувале кампањи за „подобрување на јавниот морал“ или „заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните“. Голем дел од нив се реализирале преку постери кои се бизарно-смешни поради пораките што ги содржат, но и поради начинот на кој се дизајнирани.
По неверојатната кампања против марихуаната, претставуваме постери од кампања против проституцијата од периодот 1939-1945. Главна целна група на оваа кампања се војниците, што не е изненадувачки, особено кога ќе се земе предвид дека кампањата се одвива во текот на Втората светска војна.
„Не биди слабата алка“, „Мажите кои знаат велат НЕ“, „си мислиш дека е твоја девојка, а таа е сечија другарка“ се само дел од слоганите на постерите кои треба да ги одвратат мажите и војниците од користење на услугите на проститутките.
Исто така, на дел од постерите на телото или облеката на проститутките се напишани имињата на болестите (сифилис, гонореа и др.) што треба дополнително да ги заплашат потенцијалните муштерии.
.jpg)











Извор: retronaut.com