1016 hPa
94 %

10 °C
Скопје - Нед, 27.04.2025 02:59
Загрепскиот фотограф Марио Топиќ во својата серија фотографии насловена како „Секојдневие“ следи двајца луѓе кои се во врска. „Преку објективно, ненаметливо и неестетизирано, речиси дневничко документирање, настојувам да го доближам до публиката и до себе затворениот свет на интимниот простор на протагонистите во време кога се опуштени и недостапни за критичкиот и осудувачкиот свет во средината во која мнозинството го угнетува малцинството“, вели авторот.
Она што може да се види на фотографиите е блискост, нежност, припадност. Едноставно, секојдневие на двајца луѓе кои се поврзани со силно чувство на љубов.
Извор: pogledaj.to