НАСА ќе тестира одгледување растенија на Месечината

04.12.2013 10:22
НАСА ќе тестира одгледување растенија на Месечината

НАСА планира експеримент кој би можел да претставува вистинска револуција, а вклучува обид за одгледување растенија на Месечината.

Предвиденото време е 2015 година, кога агенцијата планира да депонира билки на површината на Месечината. Треба да се користат контејнери дизајнирани така што ќе ги заштитат растенијата од силните климатски елементи и ќе бидат опремени со камери, сензори и друга електронска опрема со чија помош од Земјата ќе се следи што се случува со билките. Планот на НАСА е „да развие многу едноставна затворена комора за раст која може да го поддржи ’ртењето во период од 5 до 10 дена во вселенското летало на Месечината“.

Контејнерите треба да содржат цвекло, босилек и Arabidopsis - билка која поради релативно краткиот животен циклус е популарен модел-организам во билната биологија и генетика. Дали тие форми на живот ќе преживеат на површината на Месечината? НАСА на тоа прашање ќе бара одговор откако овие „самоодржливи станици“ со маса од околу еден килограм ќе бидат испратени на комерцијален лунарен лет. Начинот на кој ќе стигнат на Месечината е интересен, бидејќи НАСА користи паралелни кативности за да ги намали значително трошоците за проектот.

Растенијата би можеле да бидат испратени на месечината со „стопирање“. Благодарение на Гугл и конкурсот Google Lunar X-Prize 2015 за комерцијални летови до Месечината, во блиска иднина ќе постојат неколку комерцијални лунарни тури. НАСА очекува дека во трка за наградата ќе се вклучат бројни компании кои работат на развој на комерцијални вселенски летала. Барањата поставени пред учесниците на конкурсот мораат да бидат исполнети до декември 2015 година.

Според планот на НАСА, по слетувањето, семето би требало да биде снабдено со вода од посебен модул кој би ја обезбедил потребната количина вода за ’ртење. Климата во затворената кутија би била доволна за 5 дена растење. Билките ќе бидат следени 5 до 10 дена, фотографирани во интервали и споредувани со контролните билки на Земјата. Според НАСА, „би се користела природната сончева светлина на Месечината како извор на светлина за садниците“.

Во НАСА веруваат дека вложените напори ќе се покажат корисни во две подрачја: знаењето за билките и ширење на знаењето за тоа какви се шансите за живот на Месечоната. Или како што велат во НАСА: „Може ли човек да живее и работи на Месечината? Не само да ја посети Месечинаа неколку дена, туку да остане таму со децении? Првиот чекор кон долготраен престој на човекот е претходно да се испратат растенија. Младите растенија се чувствителни на условите во опкружувањето како и луѓето, понекогаш и почувствителни. Тие носат генетски материјал кој може да го оштети радијацијата, а исто е и кај луѓето. Младите растенија за нас можат да го тестираат лунарното опкружување како канаринец во окно на рудник“.

Извор: phys.org

ОкоБоли главаВицФото