Зошто украинската револуција нема да се прошири во Русија

06.12.2013 11:49
Зошто украинската револуција нема да се прошири во Русија

Анонимна слика на која се споредува украинскиот начин на протестирање од левата страна и рускиот начин од десно. (Референца “Scrotum Revolt“)

Украинските протести про-пристапувањето кон ЕУ зедоа насилен тек, откако демонстрантите се судрија со полицијата на 1 декември 2013, кога нападнаа неколку згради на администрацијата во центарот на Киев. Само неколку дена порано, на 30 ноември, мирен протест беше насилно растурен од страна на Беркут, украинската полиција против немири. Источно од границата, руските блогери продолжуваат да се интересираат за развојот на ситуацијата, иако сѐ уште постои мал консензус за тоа што претставуваат протестите за руското, опозициско движење.

Многумина се согласија дека причината која ги вознемири Украинците до степен да покренат немири, е острата тактика на полицијата (која според општински заменик од Москва, Константин Јанкаусас, е во „стилот на Путин“). Новинарот Јури Саприкин на својот Фејсбук профил објасни дека Украинците се особено чувствителни на овој тип на насилство:

Ништо налик на вчерашната дисперзија на демонстрантите или денешното пробивање на полицијата со камења и тули не се случило досега овде. [...] токму поради тоа ноќната дисперзија на собирот се доживеа како точка од која повеќе нема враќање и нешто сосема неоправдано.

Опозицискиот блогер Ирек Муртазин мисли дека оваа желба да се преземе власта се одразува лошо на руската опозиција — сепак, по дисперзијата на насилната толпа за време на немирите во Москва на 6 мај 2012 година, потребна беше цела недела за да се организира марш во знак на протест, додека во овој случај Украинците веќе утредента беа назад на улиците. Можеби Русите се повеќе навикнати на насилство од овој тип од страна на полицијата?


Демонстрант вооружен со метален синџир ја напаѓа украинската полиција во Киев.

 

Во меѓувреме, лидерите на украинскиот протест, нередот и фрлањето со камења го нарекоа „провокација“. На темата рускиот активист Роман Доброкотов коментира:

„Многу е добро што Кличко и останатиот дел од организаторите фрлањето со камења на полицијата го нарекуваат провокација. Тоа не е вистинскиот начин. “

Ставовите од овој тип, предизвикуваат уште повеќе непријатни споредби со руските протести. Кирил Шулика од DemVybor напиша, со малку повеќе лутина, за членовите на опозицијата кои го поддржуват насилството како начин за конфронтација со Кремљ:

„Мислеа дека има провокатори во Бирјулиово, сега има провокатори во Киев… Тие едноставно не можат да замислат дека еден народ може да се изреволтира до тој степен со трактор ја уништи претседателската администрација, без да ги интересира ништо за вооружената полиција, гранатите со бучава или солзавец. “

Националистичката публикација Sputnik & Pogrom се чини дека се согласува – за нив, причината поради која украинските протести се поуспешни од руските е фактот дека Украинците ги прифаќаат радикалните националисти во првите редови при физичката конфронтација со полицијата. Во Русија пак, „господата“ либералци се премногу уплашени за да се поврзат со националистите за да можат добро да ги искористат.

Блогерите поддржувачи на украинската опозиција ги изјавуваат своите ставови за провокаторите, забележувајќи дека е раширена дезинформација за големината на протестите. На пример, некои извори тврдат дека 1,6 милиони луѓе се придружиле на протестите во центарот на Киев. Оваа бројка е малку необична, а тоа е бидејќи е тотално измислена — дури и опозициските партии не тврдат дека има повеќе од половина милион демонстранти, додека очевидци како фото-блогерот Илија Варламов проценуваат дека целосната бројка на посетеност е нешто повеќе од 100.000. Една фотографија која е активно споделувана деновиве на интернет, на која се гледа огромната посетеност на протестите, е наводно направена во 2004.

Фотографија од 2004 на киевскиот плоштад на независноста се користи за да се докаже огромната посетеност на протестите во Киев.


Декември 2013, сведок фотографира од покрив на зграда, споделено на Твитер од @camerakid

Без оглед на успехот на украинските протести, многумина предвидуваат затегнување на контролата на руската влада. Новинарот Јури Саприкин беше особено строг околу потенцијалните бурни реакции:

„Многу сочуствувам со нашите пријатели од Киев, но истовремето повеќе од јасно е дека Euromaidan победи, со што грижите дека пост-Олимписка Русија ќе биде целосен пекол може да бидат разгледани како медицински факт. Ако како резултат на претходната украинска револуција го добивме движењето НАШИ и „суверената демократија“, а како резултат на Арапската пролет го добивме третиот мандат на Путин, тогаш не ни сакам да помислам на хипотетичките последици од моменталната победа. “

Ако неодамнешните извештаи дека украинскиот претседател Јанукович ќе се помири со барањата на демонстраторите се вистинити, руската опозиција ќе има многу за што да се грижи.

Извор: mk.globalvoicesonline.org
Превод: Дона Џамбаска

ОкоБоли главаВицФото