1012 hPa
49 %

19 °C
Скопје - Пон, 21.04.2025 21:59
Швајцарската организација Про Инфирмис која се бори за правата на лицата со инвалидитет покрена кампања која ги потсетува луѓето дека сите сме различни, единствени и дека тоа не е никаков проблем, туку богатство.
Со слоганот „Зашто, кој е совршен?“ оваа кампања претставува кукли какви што препознаваме во излозите на бутиците, но со малку поинаков облик - како лица со инвалидитет.
Според вистинските, живи модели, кои се лица со инвалидитет, изработени се кукли какви што досега не сме виделе, а кои потоа завршија во излозите на познатите швајцарски брендови. Кампањата „Зашто, кој е совршен?“ е покрената со цел да се подигне свеста за луѓето со инвалидитет кои живеат меѓу нас, а кои неретко се невидливи, дискриминирани и занемарени.
Извор: www.dose.ca