Во тоалетот на новиот Стар театар откриена плочка вредна 3 милиона евра

09.12.2013 09:06
Во тоалетот на новиот Стар театар откриена плочка вредна 3 милиона евра

Скопје, 9 декември 2013

Група археолози-тендеролози од Велика Британија денеска во новиот Стар театар во Скопје открија керамичка плочка вредна 3 милиона евра. Плочката, навидум сосема обична, била додедена во тоалетот со специјален анекс договор број 374/2.

Според експертите, мора да станува збор за рачно изработена пчочка со вградени дијаманти.

Инаку, дел од гостите на завчерашната премиера, се стискале за по надвор, зашто им било жал да мочаат во писоари, секој од по половина милион евра.

Такво „устручавање“ немала министерката за култура Бети, која непосредно пред отворањето со анекс-договор бр. 862/7, нарачала црвен тепих со златно порабување за во тоалетите за засега непозната сума пари.

Извор: kozanostra.net