Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2013

09.12.2013 11:33
Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2013

Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ пристигнаа 20 прозни ракописи од исто толку авторки и автори.

За десетина дена ќе го објавиме списокот на автори кои ќе влезат во потесниот избор за доделување на наградата. Победникот ќе биде прогласен кон крајот на месец декември.

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

1. Јана Лозаноска - Дневна соба
2. Филип Никодиновски - Книга без страници
3. Анче Пешева - Дрво без корен
4. Ancient Kingdom - Sparks from the book of secrets
5. Гордана Балеска - Надвор од возможното
6. Саше Паневски - Островот
7. Мане Манушев - Ова не е книга од Јуриј Моков
8. Коста Бојчески - Мрежница
9. Драган Георгиевски - Метаморфузија
10. Јована Матевска - Звукот на глувото доба
11. Мирна Вода - Мирни води, брег ронат
12. Ј.М. - Калеидоскоп
13. Ивана Галапчева - (Не)биднина
14. Марко Цуцуловски - Солипсизам
15. Љупчо Петрески - 1981 или Сеќавањата се лажни и селективни
16. Мартина Ѓорѓевска - Уште еден ден...
17. Николина Нолевска - Недовршени раскази
18. Валентина Николова - Чаура
19. Жарко Стојановски - Онаму каде што не припаѓаме
20. Воислав Пехчевски - Крикот на душата

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон и Дејан Мирчески.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото