Се идентификувам како човечко суштество

10.12.2013 10:28
Се идентификувам како човечко суштество

Ејмос Мек е фотограф, активист, писател и издавач од Њујорк. Меѓу другото, познат е и по покренувањето на публикациите Original Plumbing и Translady Fanzine. Првата публикација се занимава со културата на трансродовите мажи, а втората со трансродовите жени. По повод годинешниот Ден на сеќавање на трансродовите жртви на насилство, кој се одржува секоја година на 20 ноември, авторот објави серија фотографии од неговите трансродови познаници. Нагласувајќи дека фотографијата фаќа само еден миг, авторот зборува за родовите идентитети како флуидни категории.

Запознат со трансродовата проблематика, авторот не сака да ги одреди фотографираните лица само родово, т.е. да ги стави во некоја од постоечките рамки. Коментарот за родовиот идентитет Мек им го препушта на самите лица од фотографијата. Изјавите преку кои тие се претставуваат укажуваат на богатството на идентитетите, базирани на родовите, но и на сите други карактеристики.

За некои, тие се постојани и јасно одредени, за други подложни на промена и развој. Барајќи ја нивната заедничка карактеристика, можеме само да ја намалиме нивната особеност. Затоа, во целост пренесуваме некои од изјавите.

Ариск Ванзер: Наоѓам охрабрување и гордост во тоа што сум поинаков/поинаква од останатите. Извлекувам сила од фактот што не живеам според стандардите кои не се мои стандарди за тоа што значи да се биде маж или жена. Го сакам лицето кое го гледам во огледало бидејќи гледам дека е мое.

Дана Пери: Родово се идентификувам како квир и андрогено.

Остон Бјоркман: Се идентификувам првенствено како дизајнер на машка облека. Мојот родов идентитет е оној на машко лице. Никогаш не сум се чувствувал поинаку, иако се обидувале да ме убедат во спротивното. Но тоа убедување не помина кај мене.

Ајден: Јас сум геј маж и зајадлив Евреин кој јавно го променил родот пред повеќе децении. Откако се преселив во мало конзервативно место поради мојот докторат (за што не жалам), најчесто се идентификувам како „повеќе не ми е гајле“.

Доминик: Лично не ги сакам етикетите или ставањето во кутија, така што се одредувам само како Доминик. Тоа сум јас, но кога би требало да одберам етикета, тоа би била маж со транс искуство.

Елијас: Транспедер.

Рае Спун: Се идентификувам како музичар/ка, автор/ка и како квир и родово пензиониран/а.

Џејмс Дарлинг: Јас сум квир, трансродов маж кој успеал без ничија помош.

Закари Дракер: Се идентификувам како човечко суштество.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото