Само ние двајца

10.12.13 13:26

Кој не посакал барем за некое време да биде некој друг? Тоа е прашањето со кое се занимава австрискиот фотограф Клаус Пихлер (Klaus Pichler) во неговата најнова серија фотографии која го носи насловот „Just the Two of Us“ (Само ние двајца).

Серијата фотографии го истражува начинот на кој луѓето ги користат костимите за да го создадат своето алтер его или втора кожа - која може да се искористи за да се модифицира нивното однесување.

Пихлер одбира форма на израз која најчесто се среќава на карневали и маскенбали, но ја сместува во поинаков контекст и простор - во самиот дом на човекот, што ја доближува маската до просторите на човековата интима.

Извор: laboiteverte.fr

ОкоБоли главаВицФото