1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 09:59
Врховниот суд во Австралија ги забрани истополовите бракови неколку дена по склучувањето на првите хомосексуални заедници во главниот град Канбера, чие законодавно собрание гласаше во корист на бракот помеѓу истополовите лица.
Само неколку дена по склучувањето на првите истополови бракови, Врховниот суд во Австралија - ги забрани.
„Законот за брак не важи за основање или признавање на бракови за парови од ист пол“, објави судот кој едногласно ја донесе одлуката. Сојузната влада се обрати до правосудството бидејќи бракот во Австралија го уредува сојузниот закон, а не законот на шесте држави и двете територии кои ја сочинуваат земјата.
Откако законодавното собрание на Територијата на Канбера ги одобри истополовите бракови во октомври, законот стапи на сила само во таа држава минатата сабота и повеќе парови склучија бракови веднаш по полноќ. Но, владата итно се обрати до правосудството за да се поништат тие бракови, па радоста на истополовите парови траеше кратко.
Хомосексуалците кои се венчаа во неколкуте денови во кои важеше законот што овозможува склучување истополови бракови, велат дека оваа забраната само уште повеќе ги инспирира да продолжат со борбата за еднаквост.
Извор: www.theaustralian.com.au