Пет историски обиди да се забрани кафето

18.12.2013 10:56
Пет историски обиди да се забрани кафето

Кафето, тој славен напиток без кој огромен број луѓе не можат да го замислат денот, можеби изгледа безопасно, но има долго „досие“. Во историјата постојат повеќе обиди да се забрани користењето на кафето, и тоа во Мека, Италија, Истанбул, Шведска и Прусија.

1. Во Мека, Саудиска Арабија, кафето било забрането во 1511 година, бидејќи се верувало дека поттикнува радикални размислувања и безделништво. Тамошниот гувернер сметал дека кафето би можело да ја обедини „опозицијата“, па одлучил да го забрани. Освен тоа, членовите на некои суфистички групи ја користеле за да останат будни при молитвата.

2. Кога во XVI век кафето стигнало во Европа, свештенството во Италија се трудело да го забрани и го означило како ѓаволски пијалак. Сепак, Папата Клемент VII го пробал, рекол дека е вкусно, па дури и се пошегувал и рекол дека треба да се покрсти. По овој папски благослов, кафеаните ширум Европа забрзано почнале да го воведуваат кафето во својата понуда.

3. Во Истанбул во 1623 година Мурат IV ја преземал отоманската престолнина и набрзо го забранил кафето и воспоставил казнен систем за оние кои го пијат. Ако некој е фатен прв пат како пие кафе, казната била ќотек. За повторување на овој прекршок, престапникот бил ставан во кожена торба и фрлан во Босфор.

4. Во 1746 година Шведска го забранила кафето, како и „приборот кој се користи за него“, а полицијата ги одземала шолјите и малите чинии. Дури и кралот Густав III наредил дека осудените на смрт мораат да пијат кафе, а докторите да бележат колку шолји се потребни за да убијат некого. Оваа одлука им одговарала на осудениците, но за лекарите била многу напорна.

5. Во Прусија, 1777 година, Фредерик Велики издал манифест тврдејќи дека пивото е супериорно во однос на кафето. Тој тврдел дека кафето ја пореметува потрошувачката на пиво во земјата, надевајќи се дека кралскиот декрет ќе влијае на тоа граѓаните порадо да пијат пиво кога ќе се разбудат. Во прогласот кој го издал, кралот наведува дека „пораснал со пиво“, објаснувајќи зошто мисли дека пивото со појадокот е добра идеја.

Извор: klix.ba
Слика: Ден Харага

Слични содржини

Уживање / Култура / Уметност / Филм / Историја
Технологија / Живот / Уживање / Историја
Живот / Уживање
Уживање / Историја
Општество / Свет / Историја

ОкоБоли главаВицФото