Против

18.12.2013 10:42
Против

Ќе ви изградам еден град од партали, да!
Ќе ви изградам без план и без цемент
Една градба што нема да ја урнете,
И која еден вид на пенлива очигледност
Ќе ја потпира и ќе ја надувува и ќе дојде да ви рика пред вашиот нос
И пред замрзнатиот нос на сите ваши партенони
вашите арапски уметности и вашите Мингови.

Со чад, со раствор од магла
И со звук од кожата на тапанот
Ќе ви поставам тврдини огромни и прекрасни,
Тврдини направени исклучиво од вирови и од потреси.
Пред кои вашиот многувековен ред и вашата геометрија
Ќе паднат во глупости и во збрканости и во прав
од песок без никаква смисла.

Ѕвоно! Ѕвоно! Погребно ѕвоно над сите вас,
ништожности над сите живи!
Да, јас верувам во Господ! Секако, тој не знае ништо за тоа!
Вера, неискинлив ѓон за оној кој не се движи напред.
Ох, свету, свету задавен, оладен меву!
Дури ни симбол не си, туку ништожност, јас се противам, се противам.
Се противам и те колкам со пцовисани кучиња.
Со тони, ме слушате ли, со тони ќе ви го грабнам
она што вие сте ми го одбивале со грамови.
Змискиот отров му е верен придружник,
Верен, и тој го цени според неговата точна вредност.
Браќа, мои проколнати браќа, следете ме со доверба.
Волчите заби не му попуштаат на волкот.
Овчото месо е тоа што попушта.
Во темнината ние ќе гледаме јасно, браќа мои.
Во лавиринтот ние ќе го најдеме вистинскиот пат.
Костуре, каде е твоето место тука, натрапнику?
мочко, скршено тенџере?
Чекреку чкрипав, како само ќе ги почувствуваш
јажињата оптегнати од сите страни на светот!
Како само ќе те расчеречам!

Препев: Влада Урошевиќ
Слика: Андреј Новицки

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото