Во светот на Зина Лар

18.12.13 13:15

Кога ќе ја погледнете собата на Зина Никол Лар (1990-2013), рано починатата уметница од Колорадо, првиот впечаток е дека станува збор за некој опседнат со собирање и складирање отпадоци. Впечатокот е делумно точен, зашто таа манијакално собирала предмети, но за да ги преработи, повторно да ги обмисли, да им даде нова намена и креативно да ги рециклира.

Самата Зина за себе велела дека страда од „креативно компулзивно пореметување“. Предметите кои ги изработувала се најразлични: од ситни фигурички, до поголеми и посложени скулптури и роботи, па сè до нејзините парчиња облека.

„Секој ден го гледам како нова можност да ја приближам уметноста до луѓето. Ако можам да го правам тоа преку мојата облека, тогаш можам да го направам тоа на секој друг начин“, велела Зина Лар.

Загинала, на чуден начин, само неколку недели по снимањето на овој краток филм.

 

ОкоБоли главаВицФото