Акција за легализирање на марихуаната во Словенија

19.12.2013 11:59
Акција за легализирање на марихуаната во Словенија

Околу 10.900 Словенци во изминатиот месец ја поддржаа иницијативата со која се бара законско одобрување за употреба на канабис, марихуана и деривати за лечење на тешките болести во Словенија.

Акцијата за собирање потписи за легализација на марихуаната во Словенија ја покрена СКСК (Словенечки социјален клуб за канабис), повикувајќи се на земјите во кои веќе е дозволен овој начин на лекување.

Поборниците за легализација на марихуаната во Словенија планираат да ја испратат својата петиција во државниот парамент, а пратениците се должни да расправаат за законскиот предлог доколку се утврди дека најмалку 5.000 од потписите на петицијата се важечки и дека се собрани според правилата на законот за народна иницијатива.

Со оглед на тоа што активистите велат дека собрале двојно повеќе од минимумот, овој формален услов не би требало да претставува пречка.

Иако активистите за легализација на марихуаната не се преоптимистични во врска со исходот на нивната борба, ја сметаат јавната расправа за чекор напред на ова поле.

Извор: protest.ba