1003 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 23:59
Деновиве босанскиот град Зеница го мачи истиот проблем како и Скопје – катастрофално загаден и опасен воздух. Иако загриженоста меѓу зеничани е голема, малкумина се оние што решија да го кренат гласот.
Само мала неформална група млади луѓе синоќа се собра на градското шеталиште во Зеница, протестирајќи поради енормното загадување на воздухот во овој град.
Младите демонстранти прво со минута молчење и свеќи во рацете покажаа дека воздухот во Зеница со висока концентрација на сулфур оксид „одамна умрел“, а потоа повторно го поставија истиот транспарент од минатиот протест со порака до надлежните: „Одговорност?“.
До лидерите на локалната заедница, кои сносат дел од одговорноста за загаденоста на воздухот, беше упатена порака на уште еден транспарент со натпис „Борба за живот, а не за егзистенција“.
Со оглед на тоа дека никој од официјалните лица не се појави на протестот, младите жители на Зеница најавија нов протестен собир за седум дена со нови прашања и пораки.
Извор: radiosarajevo.ba