Ебати сонцето...

21.12.2013 09:12
Ебати сонцето...

Право да ви кажам, си помислив вчера да си останам домче. Не сум ни бремена жена, ниту постар од 60 години, без оглед што се чувствувам трудно, па дури и некако подостарено, особено откако прв пат, на онаа инкриминирачка папараци фотографија со Илија Димовски, си ја видов келајцата отпозади. Си реков, надвор пак ќе труе, камионот не смеам да го возам, а можат да ме казнат и на работното место, бидејќи канцеларијата ми фури од сите страни, па може да се смета дека работам практично на отворено.

Арно ама, тогаш се сетив што ми кажа комшијата Никола Груевски, кога лошите новинари го прашаа што ќе се случи кога на самитот на ЕУ во Брисел ќе ни речат дека за нас нема датум за почеток на преговорите. Пак ќе изгрее сонце, рече тој. И бидејќи прексиноќа стаса веста од Брисел дека не нѐ бива и дека нема датум, јас вчера станав рано изутрина, се избањав темелно, си облеков нови алишта, си го намачкав лицето со фактор 50 и излегов да го чекам сонцето на свежо измиените улици.

Кога таму, надвор, тмурно и грч студено! Плус смрдено. Сонце ни за лек. Почекај малку, си реков, имај верба во преродбата, не му откажувај на комшијата, знаеш дека човекот остварува, дури и повеќе отколку што ветува. Ако рекол дека ќе пукне сонце, има да пукне, за инает на душманите. Полн верба, излегов надвор да прошетам малку, преку Паркон на будалите, низ Триумфалната капија, до Воинот на коњ и назад. Смрзнав начисто. Ко знаете што.

И еве, додека ги пишувам овие редови, сонцето полека ита на Запад, ама изгледа нема намера да нѐ огрее. Да ни фрли барем еден зрак надеж. Се помислив да скокнам до Табановце, оти таму, слушам, блеска како на Петровден. Но, што со тоа? Само ќе станам уште подепресивен. Е утре сабајле не станувам од кревет, за инает. Ебати сонцето глупаво! Нема да се мољакаме сега... Ќе станам кога ќе биде спремно да нѐ огрее. Нема веќе компромиси!

Слика: Свирачиња
Извор: Слободен печат

ОкоБоли главаВицФото