Авантурите на Гвиле и Белинда

23.12.2013 08:19
Авантурите на Гвиле и Белинда

Фотографката Алесандра Сангвинети од Сан Францско е авторка на серијата фотографии која ги следи животите и пријателството на две млади аргентински девојки кои растат во рурална област јужно од Буенос Аирес.

Сангвинети со години го поминувала летото во семејната куќа на својот татко, во близина на двете сестри, што ѝ дало можност да го следи нивниот развој една долга низа години.

Фотографиите ја следаат транзицијата на Гвиле и Белинда помеѓу детството и моминските години, ги документираат нивните невини детски игри, но и проблемите во адолесценцијата.

Сангвинети ги собра овие фотографии во книгата со наслов „Авантурите на Гвиле и Белинда“, а потоа продолжи со истата тема, работејќи на продолжение на публикацијата, фотографирајќи ги веќе возрасните аргентински сестри, и патем преиспитувајќи ја положбата на жената во денешна Аргентина.

Извор: alessandrasanguinetti.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото