Ослободени двете членки на Pussy Riot

23.12.2013 12:29
Ослободени двете членки на Pussy Riot

Рускиот претседател Владимир Путин утрово ги амнестираше двете руски активистки од панк бендот Pussy Riot, Марија Аљохина и Надежда Толоконикова.

Аљохина која е ослободена рано наутро требаше да отслужи затворска казна од две години, поради познатиот протестен перформанс против Путин во главната московска црква. И покрај ослободувањето, Аљохина веднаш изјави дека амнестијата е само потег направен поради публицитет.

„Да можев, ќе ја одбиев амнестијата и ќе останев во затвор. Ова не е амнестија, туку сквернавење“, изјави таа.

Неколку часа подоцна, беше ослободена и Надежда Толоконикова, која се наоѓаше во затвор во сибирскиот регион Краснојарск.

„Великодушниот“ потег на Путин повеќето коментатори го сметаат за обид да се омекнат критиките за лошата состојба на човековите права во Русија, непосредно пред зимските олимписки игри кои треба да се одржат во февруари во Сочи.

Извор: BBC

ОкоБоли главаВицФото