Никос Чаусидис: Скопје е повеќе симбол отколку град

24.12.2013 15:06

Скопје 1963 – Скопје 2013

Jубилејот „50 години од скопскиот земјотрес“ нема само пригодна и споменичарска важност, иако и таа е мошне важна. Во моментов сепак поважно ни е одново да обрнеме внимание на концептот и идејата за Скопје како модерен и отворен град. Под агресивниот налет на антиквизацијата не е потисната само идејата за модерно Скопје, туку се уништуваат и физичките аспекти на некогаш модерниот град. Нападнат е, значи, не само конститутивниот национален наратив, оној за модерната и антифашистичка нација, туку и физички се уништува важното културно наследство.

Низ процесот на еден ретко виден културен инженеринг сведочиме за комплетен политички, културен, а потоа и архитектонски ревизионизам. Затоа ни е важно да го проучуваме и да го браниме модерното наследство на главниот град на државата, но истовремено и модерното наследство на македонската нација како идеја.

Во следниот период, на Окно ќе објавиме серија интервјуа со архитекти, уметници, писатели, сè уште живи актери во изградбата на модерно Скопје, луѓе кои значат нешто за Скопје и на кои Скопје им значи нешто, со цел да се повлечат паралели со сегашните градителски потфати на власта наспроти авторските проекти што го создадоа современото Скопје.

Прво во серијата е интервјуто со Никос Чаусидис.

 

- Прва асоцијација на Скопје ми е нешто што не е сталожено. Нешто што е динамично и нешто што е променливо, може да се каже во негативна смисла, толку променливо што не може да фати корен. Така што ако треба да се најде некоја метафора – тоа би било проточно место, место кое што постојано се менува. ...

- Секоја генерација, секој политички систем создава некаков дух, некаков амбиент кој претставува интеракција меѓу духот на самиот град и духот на граѓаните. Тие си партиципираат еден со друг. ...

- Ако се споредат 1963 и 2014 години, кои се историски важни години во животот на Скопје, тогаш е тоа смрт и повторно раѓање, ама не во континуитет, туку од нула, тотална смрт и и реинкарнација, значи од нула повторно градење.

Слични содржини

Активизам / Видео интервјуа / Настан

ОкоБоли главаВицФото